Вевчанка заработи кривична поради злоупотреба на лични податоци на Facebook

Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против Л.Б.(29) од Вевчани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,злоупотреба на лични податоци“.

Пријавената во текот на јануари оваа година неовластено презела и обработувала фотографии на две лица, по што ги објавила на нејзиниот лажен Фејсбук профил и постирала коментари со недолични содржини.