19/04/2024
Виц

Виц

Четворица пријатели се сретнале после долго време. По неколку коктели едниот од нив отишол во WC, додека пак другите почнале да зборуваат за своите синови.

Првиот: Мојот син е мојата гордост. Почна да работи за една успешна компанија. Студираше економија и менаџмент и за брзо време изгради кариера, па сега е претседател на компанијата. Толку се збогати што пред една недела на најдобриот другар му купи нов мерцедес за роденден!

Вториот: Тоа е одлично. И јас се гордеам со мојот син. Тој се вработи во една авио-компанија, па во меѓувреме положи за пилот. Подоцна стана и партнер во компанијата, а сега тој е сопственик. Пред една недела на неговиот најдобар другар му купи авион за роденден!

Третиот: Па тоа е феноменално! И јас сум горд на својот син. Заврши факултет, основаше градежна фирма, многу успеа, навистина е многу богат. Пред една недела на неговиот најдобар другар за роденден му поклони куќа од 300 квадрати!

Додека се фалеле и си честитале еден на друг, се вратил четвртиот од тоалет, па ги прашал зошто си честитаат. Тие му објасниле, а воедно го прашале што работи неговиот син.

Четвртиот: Мојот син е геј!

Тие: Каква штета, каква срамота, какво разочарување!

Четвртиот: Не сум ни разочаран ни посрамотен. Мој син е и го сакам таков каков што е, а и добро му оди. Пред една недела му беше роденден, па од неговите момци доби поклон: нов мерцедес, авион и огромна куќа!