19/04/2024
Дебрца

Видео: Новогодишна честитка од градоначалникот на Дебрца, Зоран Ногачески

https://www.youtube.com/watch?v=Q5qsZSeaPhE

Почитувани сограѓани,

На крајот сме на 2018 година. Во годината што изминува секој од нас, граѓаните на општина Дебрца доживеал и убави и помалку убави моменти.

Посакувам убавите да ги помниме, а помалку убавите да посакаме да не ни се повторат во наредната 2019 година .

Ви се заблагодарувам за Вашиот придонес за општината, за сите пофалби и критики.

Тие ми даваат сила за поголеми заеднички успеси.

Новата година значи многу нови желби и предизвици. 

Затоа, во Новата година  влегуваме со  верба и надеж дека и понатаму трудољубиво и посветено ќе работиме за добробит на сите граѓани на општина Дебрца и дека заедно со Вас ќе создадеме услови за поголема благосостојба и поуспешна 2019 година.

Нека претстојните празници Ви бидат исполнети со мир, топлина и радост.

Драги сограѓани,

Ви посакувам, многу здравје, среќа, бериќет и успех во Новата 2019 година.
Да
 сме здрави и живи.

Со почит,

Зоран Ногачески

Градоначалник на општина Дебрца