29/03/2024
Македонија

Викендов сончево и потопло време, од понеделник дожд и грмотевици

Од УХМР инфомираат дека до недела времето ќе биде стабилно и суво. Денес на повеќе места ќе има зголемена облачност, а за време на викендот ќе биде претежно сончево и значително потопло. Од понеделник ќе преовладува променливо облачно време со локален дожд и појава на грмежи.