19/04/2024
Македонија

Викендов стабилно и суво време, од понеделник снег и заладување

Од УХМР информираат дека за време на викендот времето ќе биде стабилно и суво со ниски утрински температури. Дневните ќе бидат во пораст, што ќе предизвика топење на снежната покривка, особено денес.

Утре (недела) ќе има зголемување на облачноста, а преку ноќта ќе има повремени врнежи од дожд и снег. Во почетокот на наредната седмица се очекува извесно заладување со повремени врнежи претежно од снег.