18/04/2024
Охрид

Викендов во Охрид се одржа гастрономски настан за паметење

Еден од најголемите настани од областа на  гастрономијата викендов се одржа во Охрид. Првото издание на “Taste Ohrid 2018”  во чии  рамки се одржа „Гастро тур“  привлече  бројни гости и посетители од земјава и странство  кои имаа  можност да вкусат   специјалитети подготвени од врвни готвачи, меѓу кои е и шефот со Мишелин ѕвезда Џорџо Дијана.

Вистинско доживување за случајните минувачи на кејот „Македонија беше што по нивна желба во  паркот пред хотелот „Su“ мишелин готвачите приготвуваа специјалитети од локални продукти. Според најавите приготвените јадења со специфични охридски имиња треба да се најдат на менијата во охридските хотели  и ресторани.  

Гастрономскиот викенд беше збогатен со гала вечера во рестиранот на хотелорт „Su“, на која присуствуваа, градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски, претстaвници на дипломатскиот кор во земјата,  претставници од  Факултетот за туризам  и угостителство и други претставници од политичкиот и јавниот живот од градов.

Настанот „Taste Ohrid 2018“ е организиран од Општина Охрид и ЕДЕН – туристички кластер за југозападна Македонија, а поддржан од Швајцарската програма за зголемување на пазарната вработливост.