24/04/2024
Охрид

„Вики“ конференција за наставници

Во голема сала на општина Охрид, денес, се одржува конференција за унапредување и збогатување на Википедија на македонски јазик. Настанот е во организација на Здружението на граѓани „ГЛАМ Македонија“ во соработка со општина Охрид.

На обуката ќе присуствуваат околу 70 наставници, а целта е да се направи Википедија на македонски јазик, место каде може да се прочитаат точни информации.