28/03/2024
МакедонијаРегион/Свет

Виножито: Доста е од „кумови“, Република Македонија има име

Партијата на Македонците во Грција, „Виножито“ во своето соопштение вели дека доволно се „кумови“, бидејќи Република Македонија има име.

„После 25 цели години разговори и консултации, забележуваме во последно време избувнување на театарот на апсурдот во врска со прашањето на името на Република Македонија.

Би сакале да потсетиме дека проблем со името на соседната земја има исклучиво нашата држава, додека над 140 земји – членки на Обединетите Нации го имаат признаено.

Нагласуваме исто така, по кој знае кој пат, дека вистинскиот проблем на Грција не е името на Република Македонија кое и сложено е и целосно се разликува од грчкиот дел на Македонија, но и демократски е избрано од граѓаните преку референдум во 1991 година.

Проблемот е тврдоглавното негирање на нашата земја да ја прифати реалноста и постоењето на современата македонска нација. Со други зборови, постоењето на етничкото македонско малцинство кое и покраj силните обиди на грчката држава во последните 100 и повеќе години, продолжува и ќе продолжува да живее во дел од грчката територија.

Кога нашата држава ќе го надмине „Рубиконот“ го признае етничкото македонско малцинство и му ги даде сите права кои сочинуваат нераскинлив дел од европските придобивки, тогаш и само тогаш ќе успее да смени страница, да погледне напред и да почне да соработува со Република Македонија и другите соседни земји врз основа на взаемен почит и искреност.“ – стои во соопштението од ЕСА – Виножито.

Релевантни текстови:

1во Писмо до Специјалниот посредник Метју Нимиц
2ро Писмо до Специјалниот посредник Метју Нимиц
3то Писмо до Специјалниот посредник Метју Нимиц