28/03/2024
Македонија

Влада: Честитки за сите граѓани на двете земји за мирот, прогресот и развојот кои ги носи ратификуваниот Договор од Преспа

Владата на Република Македонија силно ја поздравува одлуката на Парламентот на Република Грција да го ратификува историскиот Договор од Преспа со којшто се става крај на тридецениски спор кој го попречуваше развојот во регионот.

Владата им честита на сите граѓани на двете земји за мирот, прогресот и развојот кои ги носи овој Договор и ги охрабрува да ги интензивираат соработките, поврзувањата и пријателствата.

Преку изнаоѓањето на македонско – грчкото решение, Балканот, Европа и Светот добија нов модел за градење пријателства и соработки меѓу народите и државите.

Владата им благодари на сите граѓански, политички и други чинители кои го поддржаа Договорот и кои им дадоа ветер во грб на историските решенија вградени во него.