28/03/2024
Писма/Колумни

Влијанието на климатските промени врз распоредот на водата на земјината површина и атмосферата

Еколошко заштитен стручен извештај

Влијанието на климатските промени врз распоредот на водата на земјината површина и атмосферата.

Повод: Преголемиот прилив на атмосферски врнежи на Балканот и пошироко во Европа

Почитувани граѓани на Република Македонија, незвисно на вашата национална припадност, почитувани претставници на централната власт на Р.Македонија и локалните власти, почитувани медиуми.

Површината на планетата Земја изнесува преку 510 000 000 километри квадратни. 70% од оваа површина им припаѓа на морињата и океаните, а само 30% припаѓа на копнениот дел од планетата. 97% од целокупната вода на планетата е концентрирана во морињата и океаните и претставува солена неупотреблива вода, а само 3% од водата претставува питка и хигиенска вода која може да се користи за потребите на човекот.

24 000 000 километри кубни вода е во агрегатна состојба на Антарктикот и Арктикот. 14 000 километри кубни вода во вид на водена пареа се наоѓа во атмосферата. Преку 1 000 000 километри кубни вода е стационирана како подземна вода на планетата Земја.

Како последица на преголемото:

– економска експлоатација на планетата Земја
– еколошка неодговорност
– уништување на шумските зелени појаси
– уништувањето на градските зелени појаси
– преголема концентрација на CO2 во атмосферата како последица на неодговорноста на човекот

Тогаш ќе се соочиме со намалување на озонската обвивка во атмосферата и убрзување на процесот на климатските промени. Со покачување на температурата на планентата од 3 – 5 степени.

Како последица од покачување на температурата ќе се зголеми процесот на испарување на водата од земјата во атмосферата.

Огромни се можностите на водата која е во атмосферата во вид на водена пареа од 14 000 километри кубни, да е дуплира или троструко зголеми.

Водата во природата кружи од атмосферата се враќа на Земјата во вид на огромни поројни дождови со огромни еколошки последици. Како што денес се соочува Балканот и Европа.

Доколку човекот сака побезболно да ги преживее климатските промени, со помали еколошки последици, неминовно треба:

– да се сочуваат зелените шумски појаси
– да се подигнат повеќе градски зелени појаси
– Балканот што побрзо да се гасифицира

– изградба на депонии со Европски и Светски стандарди за прифаќање и обработка на отпадот
– рамномерен еколошки и економски развој на секој дел од планетата Земја, за да не дојде преголемо групирање на човекот на одделни делови од Земјата преку бегалците и поголеми миграциони движења.

Подготвил: Дипломиран инжинер агроном Наумоски Лазо, експерт по аграр и екологија и независен екологист од Охрид.

*Ставовите во категоријата Писма/Колумни се лични ставови на авторите, за кои редакцијата на WebOhrid не сноси никаква одговорност.