25/04/2024
Охрид

ВМРО-ДПМНЕ бара брзи, ефикасни мерки и казни за уништувањето на трската

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид денес одржа прес-конференција, на која говореше портпаролот Перчо Божиновски.

„СДСМ и в.д градоначалникот Константин Георгиески спијат, а трската сѐ уште гори. Црнила и пепел. Само за СДСМ и за Георгиески нема место за паника, нема место за грижа.

Запален појасот трска кај Подмоље, опожарена трската и во населба Воска. Палењето трска на брегот на Охридското Езеро не запира, нема казни, нема крај на ова дивеење.

Дали за Георгиески тоа не е уништување добро под привремена заштита, односно природна реткост?

Институциите и Георгиески молчат. Дали со молчењето практично го одобруваат палењето?

Која е задачата на надлежните, ако не јавната бебедност?

Палењето трска јасно ја покажува неодговорноста и негрижата на природното богатство и Охридското Езеро.

Дали треба охриѓани сами да се организираат за да го спречат ова дивеење?

ВМРО-ДПМНЕ бара брзи, ефикасни мерки и казни за уништувањето на трската на езерското крајбрежје. Надлежните веднаш да ги откријат нарачателите и потпалувачите на трската.

СДСМ и Георгиески не успеаја да создадат ред со дивоградбите, ниту со палењето трска со цел узурпација на крајбрежјето на езерото преку нови градби.

Граѓаните можат да видат со свои очи како функционира државата на терен и дело. СДСМ и Георгиески не се за доброто на Охрид и охриѓани и затоа ќе бидат казнети од народот за многу брзо време.“ – истакна Божиновски.