29/03/2024
Охрид

ВМРО-ДПМНЕ: Дали конечно ќе слушнеме став од градоначалникот Георгиески за скандалозното однесување на директорот на Водовод?

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид денес пред општинската зграда одржа прес-конференција, на која говореше портпаролот Перчо Божиновски.

„Целосната транспарентност и отчетност во работењето на Локалната власт ветувана пред избори остана само мртво слово на хартија.

Дали конечно ќе слушнеме став од градоначалникот Георгиески за скандалозното однесување на директорот на МЈП „Проаква“ – Р.Е. „Водовод“?

Дали Георгиески ќе излезе од сенката на партиските шефови и ќе проговори, или не смее да го стори тоа?

Дали заврши предизборната приказна која ја повторуваше постојано дека ќе биде градоначалник на сите граѓани?

Дали не беше доволно скандалозното трошење пари од граѓаните на репрезентации во кафани?

Зарем не е доволно што го достигнавте дното со поставување знаци на охридските плажи за забрането капење поради нефункционирањето на пумпите?

Дали Георгиески ќе побара одговорност од Алексијоски и конечно ќе го разреши од функцијата?

Локалната Власт предводена од СДСМ и Георгиески е во тотален хаос и нефункционална.

Со СДСМ и Георгиески ниту имало, ниту ќе има Општина по мерка на секој граѓанин.

Со СДСМ и Георгиески, Охрид и охриѓани се враќаат назад.“ – истакна Божиновски.