29/03/2024
Охрид

ВМРО-ДПМНЕ: Директорката на НУ ,,Охридско лето” се обиде да ја манипулирa јавноста

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид денес пред дирекцијата на НУ „Охридско лето“ одржа прес-конференција на која говореше портпаролот Перчо Божиновски.

„Директорката на НУ ,,Охридско лето”, Наташа Поповиќ срамно, грубо и арогантно се обиде да ја манипулирa охридската и македонската јавност.

Доколку немало незаконски дејствија зошто тогаш спорните вработувања по реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ се веќе одјавени?

Ако јануарската плата доцни поради чекање на уважувањето на согласноста од Министерството за финансии за вработувањата зошто тогаш истите без дополнителна согласност од 2019 година се пренесени во 2020 година?

Како е извршено пријавувањето во Агенцијата за вработување на Република Македонија?

Дали на 23 јануари е заснован однос на тројца административни службеници?

Дали согласноста од Министерство за финансии оди со датум од 21.11.2019 година за 5 лица?

Имено фактите зборуваат дека станува збор за оглас бр. 366/19 од 2.12.2019, барање од 23.1.2020 година и стапување во работа на тројца административни службеници.

Вработените во двете институции, и „Охридско лето“ и Агенцијата за вработување на РМ да не подлегнуваат под партиските притисоци со цел да прават поголеми прекршоци и кривични дела.

Јавноста треба да знае дека се направени сериозни прекршоци на законите со тоа што е извршена злоупотреба на службена положба како и пријавување на лица без потребната комплетна документација.

За сите прекршоци и противзаконски процедури по 12 април нема да има бегање од судот на правдата. Одговорност мора да има и ќе има!“ – истакна Божиновски.