ВМРО-ДПМНЕ: До кога, СДСМ ќе ги лаже граѓаните и ќе им ги замачкува очите?

ВМРО-ДПМНЕ ОК Струга денес одржа прес-конференција на која говореше претседателот на општинскиот комитет, Мирче Аџиоски.

„Почитувани сограѓани, На денешната седница на Советот на општина Струга, на дневен ред е ставена точка за извештајот за потрошените средства за одржување на градската депонија.

Замислете, каква иронија е кога се трошат годишно над 5.000.000 (пет милиони) денари за одржување на депонијата, а Струга и стружани се задушени од штетниот отпад кој постојано се одлага и гори на депонијата!

Почитувани, предизборните ветувања на СДСМ за дислокација на депонијата, очигледно, останаа затрупани во безбројните лаги кои ги пласираат секојдневно!

До кога, СДСМ ќе ги лаже граѓаните и ќе им ги замачкува очите?

Зарем, толку сте бескруполозни, па ги полните сопствените џебови, по цена на здравјето на нашите сограѓани.

 За здравјето на граѓаните на Струга не ве интересира ништо, но запомнете и вие живеете тука, го дишете токсичниот воздух од ѓубрето кое предизвикува најразлични смртоносни заболувања!

Зарем, не се срамите да ги погледнете граѓаните во очи, кога секојдневно се разобличува по една ваша лага?

Зарем, немате малку чест и достоинство, па еднаш да запрете со вашите евтини лаги кој секојдневно излегуваат на површина , а за кои народот скапо плаќа?

Ама, бидете сигурни дека ова ваше самоволие и расипништво жестоко ќе биде казнето од секој еден граѓанин затоа што вашите „ветувања“ останаа само пусти и празни зборови на хартија!“ – истакна Аџиоски.