18/04/2024
Охрид

ВМРО-ДПМНЕ: Додека Георгиески брои секунди се градат дивоградби во Охрид

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои:

„Власта на СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески ги разочараа охриѓани.

Градоначалникот Георгиески не мисли сериозно да го спроведува законот затоа што од една страна се приведуваат тројца градежни работници за работа на објектот, а од друга страна продолжува да се гради истиот објект без никаква дозвола за градба.

Ова е целата вистина за проблемот со дивоградбите во Охрид и негрижата за зачувување на статусот на УНЕСКО. Реалноста е кристално јасно во која додека Георгиески брои секунди се градат дивоградби во Охрид.

Како е возможно да се дозволи пред очите на надлежните институции да се градат дивоградбите?

Вистинското лице на Георгиески излезе на виделина со тоа што повторно дозволува да се гради без дозвола исто така како што дозволи да се изградат бетонската база, угостителскиот објект кај Чинарот, хотелот во Лагадин, минарето низ чаршијата и останатите дивоградби низ градот.

Откако СДСМ е на власт изградени се стотици дивоградби во Охрид, но тоа градоначалникот Георгиески не го гледа и ја манипулира јавноста насочувајќи ѝ го вниманието на терасите на крајрбрежјето додека низ целиот град никнуваат нови и нови објекти.

За жал сè уште се испорачува фактурата за изборниот инжинеринг и коалициските договори на сметка на Охрид.“ – стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.