20/04/2024
Охрид

ВМРО-ДПМНЕ: Додека Спасовски и Георгиески им замачкуваат очи на граѓаните, ситуацијата со дивоградбите не е помрдната од мртва точка

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид испрати соопштение до медиумите во врска со посетата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во Охрид

Додека министерот Оливер Спасовски и градоначалникот Константин Георгиески им замачкуваат очи на граѓаните, ситуацијата со дивоградбите не е помрдната од мртва точка.

Министерот за внатрешни работи Спасовски и Георгиески останаа вечно да бројат додека се утврди планот на динамика за уривање на дивоизградените објекти во Охрид.

Дали Спасовски знае дека Георгиески како причина зошто не е започнато рушењето на дивоградби зборува дека токму од Спасовски нема поддршка?

Спасовски е главен виновник за нарушената безбедност.

Урбаната мафија поддржана од Георгиески никако да запре затоа што корумпираното и партизирано МВР на чело со Спасовски е тотално парализирано.

Нема проекти, нема капитални инвестиции има само манипулации и повторно предизборни ветувања.

Со власта на СДСМ државата не е на прав пат, а вистинскиот пат за СДСМ е одговорност за сите злодела и на темната страна на политиката.“ – стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.