19/04/2024
Охрид

ВМРО-ДПМНЕ: Каков писмен договор направил Тунтев со Усеини за вработувања во Општината и јавните претпријатија?

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои:

„Предизборните пазари кои СДСМ ги правела само за да биде на власт, а на штета на граѓаните за кои укажувавме претходно сега веќе јавно се потврдуваат.

Во медиумите веќе се појавија потпишани документи кои исто така беа потврдени и од општинската говорница на вчерашната седница.

Каков писмен договор направил Томислав Тунтев со Нефи Усеини за вработувања во општина Охрид и јавните претпријатија?

Како Тунтев ќе го објасни барањето во договорот на Коалицијата „Заедно за Охрид“ до крај на мандат да се спроведе законската категорија и еднаква застапеност на работните места општина Охрид и Јавните претпријатија?

Дали поранешниот претседател на ОО СДСМ Охрид, Тунтев и советникот Усеини знаат дека за вакво дело сносат кривична одговорност?

Тунтев и Усеини треба да се засрамат поради политички договор во замена на гласовите на етничките заедници.

Цела јавност знае дека многу добро е дефинирано со Закон вработувањето на етничките заедници, а не со политики пазар.

СДСМ директно застанува против интересите на охриѓани.“ – стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.