ВМРО-ДПМНЕ: Локалната власт ниту работи посветено, ниту одговорно за подобрување на условите во градинките

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид денес пред ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ одржа прес-конференција, на која говореше портпаролот Перчо Божиновски.

„За СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески, за жал децата не се најголема грижа.

Локалната власт предводена од СДСМ и Георгиески ниту работи посветено, ниту одговорно за подобрување на условите за згрижување и воспитување на децата во градинките.

До каде е изградбата на нова градинка на просторот кај постоечкиот објект на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ – Централна градинка?

Ниту се зголеми капацитетот на градинката, ниту се реши проблемот со преголемиот број деца во групите и долгите листи на чекање за упис.

Георгиески и директорката да одговорат до каде е реконструкцијата на покривите во објектите „Лихнида” и „Росица“?

Ништо не е направено за подобрување на квалитетот на инвентарот во сите објекти од градинката.

Кога директорката планира да го реши проблемот со недостиг на стручен кадар?

Кажете барем едно реконструирано детско игралиште во дворовите на сите објекти од градинката или пак на постоечките детски игралишта во населбите?

Доколку СДСМ и Георгиески навистина се грижеа за децата немаше да скратат 16.300.000 денари за капитални инвестиции и да остават средства само за санација, која впрочем ја нема, наместо надградба на објектот Централна.

Со СДСМ и Георгиески нема доградба на постоечките детски градинки и нови фасади на детските градинки.

СДСМ и Георгиески не водат грижа за најмладата категорија на граѓани.“ – истакна Божиновски.