16/04/2024
Охрид

ВМРО-ДПМНЕ: Локалната власт стана експерт за противзаконски вработувања и префрлување партиски кадри

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид денес пред општинската зграда одржа прес-конференција, на која говореше портпаролот Перчо Божиновски.

„Локалната власт на СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески стана експерт за противзаконски вработувања и префрлување партиски кадри.

СДСМ и градоначалникот Георгиески ветуваа едно Општество за сите, ама само на зборови затоа што тоа спроведено на дело значи само за лица во блиска роднинска врска со луѓе од власта или партиски послушници.

Во МЈП „Проаква“ – Р.Е. „Водовод“ се вработуваат општи работници кои ескпресно стануваат раководители.

Важи ли законот за директорот Владимир Алексијоски?

Дали Георгиески е свесен што му се случува во јавните претпријатија или пак свесно молчи за сите незаконски вработувања како и назначувањето во управни одбори и раководни функции во институциите спротивно на законот за спречување корупција и судир на интереси?

За ваквите незаконски работи ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе соодветна пријава до Управниот инспекторат, како и пријава за злоупотреба на службената должност и овластување на директорот Алексијоски.

Со Локалната власт на СДСМ и Георгиески владее хаос, а тоа е резултат на неработењето и незнаењето.“ – истакна Божиновски.