ВМРО-ДПМНЕ: Мерко и СДСМ успеаа да направат невиден хаос во сообраќајот во Струга

Денес во просториите на ВМРО-ДПМНЕ ОК Струга се одржа прес-конференција на која говореше претседателот на општинскиот комитет, Мирче Аџиоски:

„Во пресрет на летната сезона во Струга, од денес градоначалникот Рамиз Мерко и СДСМ воведуваат нов сообраќаен режим со што градот повторно ќе биде блокиран како што тоа беше случај пред неколку години.

Имено, на улиците ,,Пролетерски Бригади” и ,,15-ти Корпус”, сообраќајот ќе се одвива во еден правец, со што на левата страна на улицата ќе биде место за паралелен паркинг, а од десната страна, патека за велосипеди.

СДСМ и Градоначалникот Рамиз Мерко за да направат личен профит од каде ќе стигнат, очигледно заборавија на граѓаните и на нивните потреби и во пресрет на туристичката сезона, Струга повторно ќе стане блокиран град!

Зарем потребите на граѓаните на Струга ви се на последно место, ама затоа пак потребите за вашиот личен профит и профитот на вашите коалициони партнери од СДСМ, ви е на прво место!

Очигледно, заборавивте дека Струга е туристички град, па успеавте пред сезона да направите невиден хаос во сообраќајот!

Не направите ништо за Струга и стружани, а пред избори имавте полни раце со празни ветувања!

Ова лудило мора да престане, доста го залажувате народот!

Од Град на поезијата вие направивте град на безредие и хаос!

Но, затоа ќе ви порачаме дека ќе ве стигне казната на народот, и тоа многу брзо!“ – истакна Аџиоски.