19/04/2024
Дебрца

ВМРО-ДПМНЕ: Ногачески ветуваше дека ќе ги намали трошоците за репрезентација, а во случајов има нивно зголемување

ОК на ВМРО-ДПМНЕ Дебрца испрати соопштение до медиумите во кое стои:

„Денес советот на општина Дебрца на предлог од Градоначалникот Ногачески донесе ребаланс на буџетот од општина Дебрца каде ставките за репрезентација се зголемуваат од 130.000 (сто и триесет илјади) денари на 320.000 (триста и дваесет илјади) денари што значи зголемување за цели 190.000 (сто и деведесет илјади) денари. Со цел јавноста да биде запознаена за расипничкото работење на Ногачески чуствуваме должност да го презентираме овој документ и да укажеме дека Ногачески лаже односно е ноторен лажго кој во кампањата ветуваше дека ќе ги намали трошоците за репрезентација, а во случајов има нивно зголемување. Господине Ногачески на лагата и се кратки нозете граѓаните на општина Дебрца го чекаат ветеното дали лично или опшествено ама вие ни В немате направено од тоа што го ветивте.“ – стои во соопштението од ОК ВМРО-ДПМНЕ Дебрца.