23/04/2024
Охрид

ВМРО-ДПМНЕ Охрид: Целосната некоординираност на централната и локалната власт е на штета на граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид испрати соопштение до медиумите по завршувањето на 33 седница на Советот на општина Охрид и изјавата на градоначалникот Константин Георгиески.

„Целосната некоординираност на централната и локалната власт е на штета на граѓаните. Неспособноста на Локалната власт предводена од СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески се потврдува сè повеќе и повеќе.

Една година воопшто не се презеде ништо, па мораше повторно да се донесе одлука за поделба на МЈП „Проаква“ и за присоединување на неговите досегашни надлежности за Охридското Езеро кон новоформираното претпријатие во државна сопственост „Колекторски систем“.

Претходно беше донесена одлука, а дури пред десетина дена Владата донесе одлука за инвестирање на 183 милиони денари за санација на колекторскиот систем за заштита на Охридското Езеро.

Ја потсетуваме, но и предупредуваме ОО СДСМ да внимава што прави во иднина, затоа што нивниот поранешен градоначалник Петрески ја продаде Проаква и Нискоградба што предвидуваше многу поскапа вода за пиење.

ВМРО-ДПМНЕ успеа да го врати претпријатието во рацете на граѓаните со што се овозможи сегашната одлука да биде завршена конечно.

ВМРО-ДПМНЕ и охриѓани очекуваат после две години наместо соопштенија, конкретни реализирани капитални инвестиции и проекти.“ – стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.