19/04/2024
Охрид

ВМРО-ДПМНЕ Охрид: Господа од Локалната самоуправа, 15 јули не е почеток на туристичка сезона

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои:

„Незаинтересираноста на Локалната самоуправа доведе до ситуација советниците на Советот на општина Охрид да имаат седница дури во средината на јули под знакот вонредна само затоа што не им се грижа ниту граѓаните, ниту туристите, а најмалку Охрид.

Дрско и безобразно е дури сега да носите предлог-одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти, наместо во мај, со која туристичката сезона ја сведувате на неколу дена наместо на неколку месеци.

Дали тоа се должи на ставот „Со вакви одлуки нема профилирање. Како што е поставен концептот, стилот на Охрид е многу конфузен“ којшто градоначалникот Јован Стојаноски го имаше во времето кога беше советник?

Заспаноста на Локалната Самоуправа ги доведе туристичките работници да изгубат еден цел месец и да не се во состојба да имаат време да ги организизраат сите настани поради тоа што чекаа средина на туристичка сзеона за да добијат официјално продолжување.

Поради несериозноста на Локалната власт целата угостителска заедница беше заложник, трпеа сите туристичи работници, а сето тоа влијае на финансиските резултати и на угостителските објекти и на општината.

Да е иронијата уште поголема организирате Бела Ноќ после започнувањето на најзначајната манифестација „Охридско лето“ со која веќе почетокот е означен, Вие наместо да ги зголемите деновите за сезоната со тоа ги намалувате, и сосема јасно е дека нема продолжување на туристичката сезона.

Почитувани, Локална самоуправа не покажува сериозност во поддршката за развој на туризмот и граѓаните на Охрид и на угостителските објекти.“ – стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.