28/03/2024
Охрид

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид: СДСМ призна дека има криминал во исплатите на штетите од земјотресите

Во врска со прес-конференцијата на в.д. градоначалникот Константин Георгиески, реакција испрати ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид во која стои:

„СДСМ призна дека има криминал во исплатите на штетите од земјотресите. Затоа, збунетоста и неодговорноста на в.д градоначалникот Константин Георгиески е сè поочигледна. Целата јавност е сведок на јавното признание дека Општината со која раководи има сомнителни исплати за обесштетување на граѓаните од штетите за земјотресите токму од вработените, но и функционери од власта.

Но, дали Георгиески сака да затскрие и други фалсификувања на документи, префрлување пари на туѓи трансакциски сметки, за една иста исплата дадени пари на неколку лица?

Затоа, ВМРО-ДПМНЕ ги охрабрува Секторот за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство во Охрид да постапат искрено и чесно според законите, за сомнежите кои постојат во однос на исплатата на штетите.

Граѓаните треба транспарентно да бидат информирани за секое неодговорно работење на Локалната самоуправа.

Покрај кривичната одговорност којашто е задолжителна за сите сторители, оваа локална власт доколку чувствува грам совест треба да знае дека моралната одговорност е неизбежна.

Многу брзо охриѓани ќе го испорачаат одговорот за оваа криминална и неспособна власт предводена од градоначалникот Георгиески и СДСМ.“ – стои во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.