26/04/2024
Охрид

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид со честитка по повод 23 Октомври – Денот на Mакедонската револуционерна борба

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид на сите граѓани им го честита државниот празник 23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба.

„Борбата на македонскиот народ за политичко и национално ослободување има свој историски тек, карактер и датум.

23 Октомври – Симбол на идеал, патриотизам и непокор.

Д-р Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Aрсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев на 23 октомври во 1893 година во Солун ги удриле темелите на Македонската револуционерна организација со главна цел создавање автономна македонска држава во нејзините етногеографски граници.

Дострелот на македонската револуционерна организација е пример за восхит и почит.

Почитта за животите положени за македонскиот идеал за Македонија е наш аманет оставен од предците, идеал кој не смееме да го напуштиме.

Наша обврска е таа борба видоизменета која сè уште трае да продолжи во обновата на нашата Татковина, Република Македонија.

Македонија поминува низ тешки искушенија, порази и очајување и само сплотени продолжуваме напред за да го поразиме најголемото зло и засекогаш да биде фрлено на буништето на историјата.

Нека е вечен и вековит споменот за Македонските револуционери!

Нека е честит и вековит Денот на македонската револуционерна борба!“ – стои во честитката од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.