24/04/2024
Охрид

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид со честитка по повод Денот на наставата на турски јазик

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид на граѓаните припадници на турската заедница во Република Македонија им го честита 21 Декември – Денот на наставата на турски јазик.

„Јазикот е душата на една нација. Мајчиниот јазик е значаен елемент од националниот и културен идентитет и преку него се негуваат културните и верски традиции.

Турската заедница како нераскинлив дел во Охрид придонесува за целокупниот општествен развој како на градот така и на Македонија.

Само со почит, соработка и разбирање ќе успееме во заедничката цел за подобро утре и посветла иднина.

Упатуваме искрени честитки за здравје, среќа и успех.

Нека Ви е честит 21 Декември – Денот на настава на турски јазик !“ – стои во честитката.