ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид со честитка по повод Курбан Бајрам

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид на сите припадници од исламска вероисповед им го честита празникот Курбан Бајрам.

„Курбан Бајрам е празник на традиционалните вредности на хуманост, толеранција и заедништво потсетувајќи уште еднаш на хуманоста и солидарноста како темелни човечки вредности.

Само со меѓусебно разбирање и толеранција ќе созадеме вредности достојни за почит и за просперитет на Охрид и Република Македонија.

Ви посакуваме убава празнична атмосфера исполнета со божја милост.“ – стои во честитката од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.