28/03/2024
Охрид

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид со честитка по повод Курбан Бајрам

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид упатува честитки до сите граѓани од исламска вероисповед по повод празникот Курбан Бајрам.

„Курбан Бајрам е „празник на жртвата“, ден кога благосостојбата ѝ подава рака на сиромаштијата и кога се величаат најголемите човечките доблести – солидарноста и грижливоста, помагањето и дарувањето.

Заедно и понатаму активно да придонесуваме за градење почит и разбирање меѓу различните вери и етникуми како достоен пример за идните генарации. Заедно да ги негуваме солидарноста, толеранцијата и меѓусебното почитување. Посакуваме празникот да го поминете во добро здравје, радост, среќа и хармонија, споделувајќи љубов со ближните.

Нека среќата биде вечен придружник, верата закон, богатството симбол, а болката непознато чувство.“ – стои во честитката.