29/03/2024
Струга

ВМРО-ДПМНЕ ОК Струга со повик до стружани да се приклучат на утрешниот протестен марш во Битола

ВМРО-ДПМНЕ ОК Струга испрати соопштение до медиумите со кое ги повикува сите заинтересирани граѓани да се приклучат на протестниот марш кој ќе се одржи утре во Битола.

„ВМРО-ДПМНЕ, како партија секогаш цврсто стоела на браникот на татковината.

ВМРО-ДПМНЕ, Струга не го поддржува срамниот договор на Зоран Заев за промена на името. Со овој договор се врши класичен геноцид, а ние нема да дозволиме да ни го скинете коренот, да не разнебитите и да го негирате нашето постоење. Ние живееме во Република Македонија и зборуваме македонски јазик! Се работи за нашите животи и животите на нашите поколенија.

Затоа, Ве повикуваме, сите стружани кои го поддржуваат нашиот став, без разлика на вера и нација, да застанат рамо до рамо со нас на протестниот марш кој што ќе се одржи на 17 јуни (недела) во Битола со почеток во 13:00ч и да се спротивставиме на уништувачките политики на Владата на СДСМ, кои ги прави во Република Македонија.“ – стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ ОК Струга.