29/03/2024
Струга

ВМРО-ДПМНЕ ОК Струга со реакција за рушењето на споменикот кај Мороишки мост

ВМРО-ДПМНЕ ОК Струга реагира поради рушењето на споменикот кај Мороишки мост.

„На 03.06.2018 година излеговме со реакција во јавноста поради вандализмот кој го направи локалната власт во Струга и нивните пајташи од СДСМ.

Имено, СДСМ без донесена одлука на советот на Општина Струга и без соодветна документација т.е. одобренија од Министерството за култура и Министерството за транспорт и врски, го уништи споменикот кај Мороишки мост кој што е од историско значење. Седницата на советот на Општина Струга закажана на 18.06.2018 година, (во понеделник) е само проформа со која СДСМ сака да манипулира со стружани и да го покрие срамот што го направи.

Дали локалната самоуправа во договор со советниците на СДСМ донесува одлуки на своја рака и тоа, зад затворени врати, онака како што тие „најдобро“ знаат?

Дали се свесни дека доцнат веќе 15 дена со закажувањето на седницата, по однос на точка 6, Предлог-одлука за преместување на спомен-обележје?

Да ве потсетиме дека споменикот е веќе уништен на 03.06.2018 година (недела- неработен ден), а одлуката која според локалната самоуправа и СДСМ би требало да се донесе за овој вандалистички чин, допрва ќе се „донесува“ на 18.06.2018 година (во понеделник).

Бараме оваа точка да се тргне од дневен ред и да се бара соодветна одговорност за уништувањето на споменикот.“ – стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ ОК Струга.