25/04/2024
Охрид

ВМРО-ДПМНЕ: Оваа Локална власт не презема ништо за решавање на проблемот со кучињата-скитници

Денес во просториите на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид се одржа прес-конференција, на која говореше портпаролот Перчо Божиновски.

„Градоначалникот Константин Георгиески и директорот на ЈП „Охридски Комуналец“ Љупчо Грданоски со својата неодговорност и неспособност докажаа дека немаат капацитет да го решат проблемот со кучињата-скитници.

Георгиески и Грданоски скоро две години ги лажат охриѓани, а решението за проблемот со бездомните кучиња не е ниту на повидок.

Детската игра ја претворивте во кошмар.

Дали сте свесни по кој пат ставивте детски живот во опасност?

Дали Георгиески и Грданоски се видно вознемирени како и девојчето, па ноќта ја поминале во страв будејќи се во сонот?

Веднаш ако имате грам морал и совест и двајцата да понесете одговорност!

Траумите кои ќе ги носи девојчето цел живот, но и сите претходни жртви на напади се ваш товар.

Оваа Локална власт не презема ништо за решавање на проблемот со кучињата-скитници.

Каков е тој стационар што божем функционира кога се уште врие од глутници кучиња-скитници низ улиците?

Додека Грданоски и Георгиески се правдаат со Агенцијата за храна и ветеринарство, децата одат со страв на училиште, граѓаните со страв се враќаат дома во вечерните часови.

Кога палмите се поважни од дивоградбите, а личните интереси пред животот на граѓаните, градот и граѓаните со СДСМ и Георгиески се во опасност.

Локалната Власт на СДСМ и Георгиески е кошмар за Охрид и охриѓани.“ – истакна Божиновски.