19/04/2024
Охрид

ВМРО-ДПМНЕ: Проектот „Реконструкција на Кеј Македонија“ не ѝ беше презентиран на јавноста

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои:

„СДСМ и градоначалникот Јован Стојансоки ветуваа транспарентност и услужна општина за сите. Граѓаните никако да ја видат ветуваната транспарентност, а Стојаноски тоа го докажа и со наводната јавна презентација на проектот „Реконструкција на Кеј Македонија“.

Чудно е како на градоначалникот Стојаноски сега му стана јасно за разлика кога беше советник од СДСМ, воопшто не му беше јасно како се одвојуваат средствата за проектот, без притоа да се има програма околу тоа како ќе изгледа кејот и дали навистина е нарушена статиката.

Стојаноски не го покажа проектот со изготвеното идејното решение и истото не ѝ беше презентирано на јавноста.

ВМРО-ДПМНЕ го повикува Стојаноски јавно да го презентира проектот, не преку една до две фотографии и да објасни пред охриѓани зошто претходно сметаше дека со овој проект влегуваме во една скапа инвестиција за којашто немаме испитување на мислењето на граѓаните, дека самите биле сведоци за кејот дека е во една добра состојба и дали како што трвдеше тогаш и сега влегуваме само во една ваква непродуктивна инвестиција само за да се исперат пари?

Дали за Стојаноски „Во Охрид, очигледно, на повидок е уште еден проект на трошење пари за чоколадо, во услови кога градот кубури со средства за елементарен опстанок“, како што самиот тврдеше?

Стојаноски очигледно освен препишување програми, извештаи, проекти, говори од ВМРО-ДПМНЕ, не знае друго. Наместо тоа го советуваме да започне со реализација на ветените проекти.“ – стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.