ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ без нималку совест ги повикува стружани да дадат придонес за подобро утре и ја бараат нивната поддршка

ВМРО-ДПМНЕ ОК Струга денес одржа прес-конференција на која говореше претседателот на Општинскиот комитет, Мирче Аџиоски.

„Денес, СДСМ без нималку совест ги повикува стружани да дадат придонес за подобро утре и ја бараат нивната поддршка.

Но, за што, придонес и поддршка?

За вашето гордо поведување на Република Македонија кон пропаст?!

За националното предавство и обезличување на Македонецот, за губењето на нашиот идентитет, за погазувањето на достоинството на граѓаните? За тоа ли ја барате поддршката од стружани? Колку датуми ќе поминат, а вие да сфатите дека ја обезличивте Република Македонија, го посрамотивте македонскиот народ и упорно тонете во вашите лаги, а ни датум добивме, ниту ќе го добиеме!

До гуша сте преплавени во криминал и корупција, и тоа од прв до последен во вашата влада. За што барате поддршка, за рекетираните, за угнетените, за понижените граѓани или пак, за истрауматизираните невакцинирани првачиња, на кои не им беше дозволено да влезат во училишните клупи?!

Господа, за сево ова ќе одговарате!

За национално предавство простување нема, а народот ќе ви пресуди!

Единствено што направивте е тоа, што ни го зацврстивте единството и желбата за спас на Република Македонија. Борбата нема да запре, ќе и го вратиме достоинството на нашата татковина! Зошто ВМРО-ДПМНЕ е народот, а тој е секогаш на браникот на татковината.

А вашиот прав пат е СЛЕПА УЛИЦА!

Од своето постоење, па досега, Македонија никогаш не била на толку погрешен и понеизвесен пат како сега и токму затоа, единствен излез за вас е ОСТАВКА, сега и веднаш!

Следува Обнова на Македонија затоа што сите ние заслужуваме подобра иднина, затоа што сакаме Република Македонија да биде напредна и просперитетна!“ – истакна Аџиоски.