ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се одрекува од АСНОМ, а лицемерно се поклонува пред спомен-обележјата на борците од НОБ

ОК на ВМРО – ДПМНЕ Охрид испрати соопштение до медиумите, во кое стои:

„Херојствата на македонскиот народ и нивните жртви дадени за татковината се должни за почит. На Денот на ослободување на Охрид како симбол на непокор и патриотизам СДСМ го покажа своето лицимерие. Чествуваат и положуваат свежо цвеќе на спомен-обележјата од НОБ, со панихида за Јасна Ристеска, додека во Собранието се одрекуваат од АСНОМ, столбот на македонската државност.

Бришењето на деветте државно-конститутивни одлуки на АСНОМ, како и Манифестот во Преамбулата на Уставот значи бришење на вековниот стремеж за независна држава Македонија.

Никој нема право да се откажува од признатиот државноправен континуитет од Асномска до независна Македонија.

Иронијата на СДСМ народот ја препознава. Претходно се поклонува пред Илинденците кои ги сквернавеа. Лицемерието на СДСМ мора да запре.“- стои во соопштението.