28/03/2024
Охрид

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ тргна на пат во опозиција, а на Македонија и следи обнова!

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид испрати соопштение до медиумите во врска со синоќешната трибина на СДСМ одржана во Охрид

„Охриѓани ги препознаа лицемерието и ароганцијата на СДСМ и затоа не им ја дадоа поддршката на трибината, на која присуствуваа само партиските функционери и директори на јавни и државни институции.

Власта на СДСМ ги заборави граѓаните и го наруши кредибилитетот и достоинството на Република Македонија.

Криминалот, корупцијата и рекетот на СДСМ и Заев се главната причина зошто се блокира патот на Македонија во ЕУ.

Владеењето на СДСМ во Охрид ќе биде владеење на срамот поради дозволувањето милионски суми да бидат извршени од доверители за враќање стари обврски.

Градоначалникот Константин Георгиески лаже дека долгот бил 1.600.000.000 затоа што тој изнесуваше нешто под 1.200.000.000, а ВМРО-ДПМНЕ наследи долг од точно 2.038.000.000 токму направен од локалното владеење на СДСМ во Охрид.

Намалувањето на долгот е заради средствата кои ги исплати Владата на РМ, но за жал за останатиот дел од долгот од октомври 2017 па наваму е добро познато во јавноста дека се дозволува да се наплаќаат долгови преку извршители со сите можни давачки: основен долг, камати, извршни, судски и процесни трошоци и дека таа сума воопшто не е мала.

Дали извршувањата се дозволуваа по договор со доверителите кои се први на листата и за каква контрауслуга?

Со СДСМ имаме покачени даноци, поголема акциза, поскапа вода и паркинг, на секој чекор дивоградби.

СДСМ и Георгиески во Охрид донесоа лаги, урбана мафија, криминал и загрозен статус на УНЕСКО. Учеството во предизборниот пазар спроведен од Георгиески со коалиционите партнери го доведе градоначалникот пред свои очи да гледа како да се градат бетонски бази и да нема сила да регира како вистински татко на градот. Уште многу фактури има Георгиески за плаќање.

Георгиески и Оливер Спасовски не преземаат ништо за Охрид да го задржи статусот во УНЕСКО.

СДСМ ги стопира градежните активности, а Лазе Танески заедно со Томислав Тунтев и Жаклина Лазаревска три години ги лажеа охриѓани за трасата на автопатот Кичево-Охрид, парите наместо кај граѓаните завршија со торбите кај функционерите на Власта, а наместо борба со корупцијата видовме здружување со криминалот.

Ако СДСМ се на прав пат, тогаш зошто за 3 години потрошија 10 милијарди евра пари на граѓанитe?

СДСМ вештачки и само на хартија ја зголемува минималната плата, а од тоа граѓаните немаат никаков бенефит.

Лицемерно е Мила Царовска да зборува за платите, а крие дека на една категорија на вработени во градинките на почетокот на годината им се намалени платите за околу 900 денари, како и дека Колективниот договор за платите во образованието изминативе три години не се почитува.

Со СДСМ нема решенија, нема проекти, нема инвестиции.

СДСМ и Заев немат способност да ја водат државата на прав пат.

СДСМ и Георгиески немаат способност да ја раководат општината.

Патот на СДСМ е погрешен и води само наназад без никаква иднинна.

СДСМ тргна на пат во опозиција, а на Македонија и следи обнова!“ – стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.