ВМРО-ДПМНЕ: Се обврзуваме на повеќе од 50 000 вработувања на млади

Носителката на изборна единица 6 на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За Обнова на Македонија“ Дафина Стојаноска денеска ги посети младите во Тетово од Унијата на млади сили.

Штотуку завршив со средбата со унијата на млади сили на Тетово тука во Тетово во паркот Жена. Тука почуствував пркост и револт кај овие млади заради сите лажни и нереализирани ветувања од страна на СДСМ изминативе три години поради кои што имаме и официјален податок од државниот завод за статистика за процентот 35,6 % невработени млади луѓе во Македонија што е највисокиот процент во Европа.- нагласи Стојаноска

Носителката на  листа во изборна единица 6 на ВМРО-ДПМНЕ Стојаноска додаде дека во програма Обнова, за младите се обврзуваат дека во четирите години мандат  ќе има вработувања на повеќе од 50 000 млади луѓе како и нула проценти данок на вработување на млади лица до 29 години.

Од друга страна ВМРО-ДПМНЕ во својата програма Обнова за младите се обврзува дека во четирите години мандат  ќе има вработувања на повеќе од 50 000 млади луѓе нула проценти данок на вработување на млади лица до 29 години, ќе има загарантирано обезбедено работно место за 500 најдобри студенти од генерацијата на државните универзитети и секако да не го заборавам денарот за спорт кој што ќе се издвојува од акцизите за нафта и нафтени деривати -истакна Стојаноска

Носителката на  листа во изборна единица 6 на Стојаноска од Тетово ги повика младите својот пркост на 15 јули да го претворат во заокружување на бројот 14 за да има повеќе за секого но и повеќе за сите млади во Република Македонија.

Од овие причини младите својот пркост на 15 јули ќе го претворат во заокружување на бројот 14 за да има повеќе за секого но и повеќе за сите млади во Република Македонија-заклучи Стојаноска.