25/04/2024
Охрид

ВМРО-ДПМНЕ: Сезоната пропадна без да почне, приходи нема, а трошоците не само што стојат, туку секојдневно растат

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид денес одржа прес-конференција на Градскиот плоштад во Охрид, на која говореше портпаролот Перчо Божиновски.

„Охрид и туризмот не добиваат никаква помош ниту од централната, ниту од локалната власт, за да излезат од лавиринтот на коронавирусот. Сезоната пропадна без да почне, приходи нема, а трошоците не само што стојат, туку секојдневно растат.

Факт е дека власта немаше слух за потребите на туристичките агенции, туристичките водичи, сопствениците на пловни објекти.

Зошто власта не ги ослободува угостителите од плаќање закуп за летни тераси за пропадната сезона?

На угостителскиот сектор требаше да му се помогне со 50% од бруто платата за секој вработен за месеците март, април и мај.

Зошто власта не ги намали критериумите за аплицирање за мерките за помош од државата, кои ќе можеа да ги користат сите, а не само 10% од угостителските компании?

Така, околу 29.000 угостителски работници ќе видеа спас и ќе имаа свои херои со кои со заемни напори – ќе оствареа победа.

Откако СДСМ и Зоран Заев го задолжија секое семејство за 1.500 евра, сега врши класичен предизборен поткуп со ветувањето дека ќе делат ваучери од 150 евра.

СДСМ и Константин Георгиески ветија многу, но за жал не остварија ништо во туризмот и угостителството. ВМРО-ДПМНЕ се разликува од СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ постојано ќе се ангажира за активна промоција на Охрид и Македонија како безбедни туристички места и поддршка на авиосообраќајот како главен двигател на туризмот. Со обновата којашто доаѓа и своите капацитети ќе собереме сили да го спречиме создавањето цела армија социјално загрозени семејства.

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува граѓаните да летуваат во Охрид и Македонија.

Затоа на 15 јули изборот е најлесен, а тоа е коренита обнова на Македонија.“  –  истакна Божиновски.