29/03/2024
Охрид

ВМРО-ДПМНЕ: Со препишување не се носи „живот“ за охриѓани

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид испрати реакција во врска со денешнатa изјава на градоначалникот Јован Стојаноски, по повод започнувањето на изградбата на патеката од саат кулата до старото училиште „Св.Климент Охридски“.

„Локалната власт на СДСМ предводена од градоначалникот Јован Стојаноски главна активност има да препишува програми за работа од претходната Локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ.

Со препишување не се носи „живот“ за охриѓани.

Градоначалникот Стојаноски во денешното обраќање покрај благодарноста до сите чинители за проектот „Пешачка патека Саат кула до ОУ Св. Климент Охридски“ не собра храброст и не најде доблест да се заблагодари на работата на претходната Локална власт. ВМРО-ДПМНЕ на Стојаноски му остави комплетна документација, основен проект и соодветно одобрение за градба.

Стојански лаже и брутално манипулира кога вели дека од претходната Локална самоуправа не наследил ниеден проект и дека на почетокот објавувал тендери за изработка на проекти. Според електронскиот систем за јавни набавки може да се види дека тендерот за изработка на основен проект е објавен уште во јануари 2017, а склучен во март 2017, токму во времето на ВМРО-ДПМНЕ.

Господине Стојаноски зошто не успеавте да ги започнете градежните активности на време?

Цела една година се чекаше за да се отпочне со готов проект.

Зарем чекавте да се подзаборави кој го замислил и довел до реализација овој проект?

Можеме само да замислиме кога би се реализирале ветените проекти за коишто нема визија како навистина да се развива градот Охрид.

Охриѓани се мудри и знаат да проценат, бидете свесни дека народот знае да казнува.

ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе се врати на власт за проектите да продолжат.“ – стои во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.