18/04/2024
Струга

ВМРО-ДПМНЕ Струга поднесе предлог за асфалтирање на улиците покрај каналот во Мислешевски пат

ВМРО-ДПМНЕ ОК Струга испрати соопштение до медиумите во кое стои:

„Очигледната незаинтересираност на градоначалникот, Рамиз Мерко, како и на неговите локални функционери и коалициони партнери од СДСМ, предизвика бурни реакции кај граѓаните и жителите на Мислешевски пат, конкретно кај оние што живеат на улиците покрај каналот. Тие веќе подолг временски период ја трпат нивната неажурност и неодговорност и неисполнетите предизборни ветувања на градоначалникот.

Затоа на денешната 29та седница на Советот на општина Струга, советничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе предлог за асфалтирање на улиците покрај каналот во Мислешевски пат.

Советот на општината го прифати предлогот и донесе одлука, асфалтирањето на улиците да влезе во Програмата за асфалтирање на улици за 2019 година, како и во Ребалансот на буџетот за 2019 година.

Сега на потег е градоначалникот, а ние, како и граѓаните на овој реон, очекуваме, одговорно да ја спроведе одлуката донесена од страна на Советот на општината.

Жителите редовно ги подмируваат сметките кон општината и комуналните претпријатија, па токму затоа, заслужуваат изградба на целосна комунална инфраструктура.

ВМРО-ДПМНЕ како одговорна политичка партија, секогаш во прв план ги става интересите на граѓаните. Тие знаат да препознаат кој работи посветено за нивната подобра иднина, како и за подобро утре во општина Струга.“ – стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ ОК Струга.