28/03/2024
Струга

ВМРО – ДПМНЕ Струга: СДСМ нема никакво решение, замисла како да се запре иселувањето

Интегрален текст од прес-конференција на Тамара Ѓонеска, секретар на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, ОК-Струга

„Иселувањето на младите од Република Македонија во последните три години добива разгрижувачки размери. Масовно се иселуваат нашите другари, роднини и познаници. Иселувањето е несомнено најголемиот проблем на нашето општество и држава кое се заканува директно да ја загрози и нејзината иднина.

Свесни дека овој проблем е поширок регионален проблем уште еднаш јавно укажуваме дека треба да бидат преземени итни мерки, во согласност со обмислена долгорочна стратегија која на крајот ќе резултира со конкретни мерки за обезбедување услови за живот и работа на младите луѓе во Република Македонија. Нашите очекувања се дека токму во нашата татковина ќе имаме можност да твориме, да придонесеме за нејзиниот развој и иднина, на која ние ќе бидеме творци, која ќе биде создадена со нашиот креативен и творечки придонес. Што прави нашата држава за младите да останат тука?

Пред да ја узруприраат власта во Република Македонија, СДСМ ветуваше дека ваквиот тренд на иселување ќе биде запрен и намален, а во реалноста бројките зборуваат за драстично интензивирање. Наспроти празните ветувања, без ниту една конкретна мерка, со севкупното однесување креаираа амбиент на беззаконие и неизвесност кој придонесе за рапидно иселување на младите луѓе. Нема појасна потврда за огромното разочарување кај младите луѓе, кои не гледаат иднина и просперитет, кои немаат можности и поддршка за да останат тука во нашата земја.

Стана јасно дека СДСМ нема никакво решение, ниту пак замисла за тоа како да се запре иселувањето? Во изминатите години не понуди ништо што би било уверливо и би ги задржало младите луѓе во нашата татковина.

Не направи никакви реформи во образованието. Нема нови факултети, а постоечките ги укинуваат. Условите во студентските домови се мизерни. Нема никакви мерки од владата предводена од СДСМ за средношколците и студентите!

Додека ,,шарените” маршираа, големите ветувања за младите станаа големи шарени лаги. Од ден на ден, гледаме околу нас дека младите од Струга се повеќе се иселуваат. Не постои семејство во Македонија кое на некаков начин не е засегнато од овој проблем.

Затоа на 12 април СДСМ ќе бидат казнети за погубните политики кои придонесоа за толкаво алармантно иселување.

Младите се обновата на Македонија! Затоа младите заслужуваат подобра иднина и перспектива тука, во нашата Македонија! Новите мерки за младите, кои ги презентира идниот премиер на Република Македонија, професор д-р Христијан Мицкоски, се надеж за сите нас!

Ние цврсто веруваме во ВМРО-ДПМНЕ затоа што знаеме дека чесно и цврсто ќе застане, рамо до рамо со нас, младите, за да изградиме подобра иднина и успешна и просперитетна Република Македонија!“ – истакна Ѓонеска.