29/03/2024
Охрид

ВМРО-ДПМНЕ: За да се прикаже наводна поддршка на ненародната власт на Заев за партиски цели се злоупотребуваат граѓаните

ОК на ВМРО ДПМНЕ Охрид, испрати соопштение до медиумите, во кое стои:

„Институциите во градот мора да ја почитуваат волјата на граѓаните, но според информациите што ги добивме како партија, деновиве се вршат огромни притисоци врз вработените во општината, јавните претпријатија и државните институции.

На граѓаните од нивните партиски шефови со наредба преку списоци им е наложено да се потпишат за присуство на Мечкин Камен на 2 Август, а доколку не присуствуваат да ја наведат причината зошто нема да одат во Крушево.

За да се прикаже наводна поддршка на ненародната власт на Зоран Заев за партиски цели се злоупотребуваат граѓаните.

Зошто кога СДСМ не се чувствува патриотска партија и не ги штити националните интереси сега со притисок поддржува концепт кој свесно го брише, а длабоко е врежан во колективната меморија на македонскиот народ.

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓани да не се плашат и да се охрабрат да ги пријавуваат сите притисоци што ги вршат СДСМ, општината, директорите и градоначалникот Константин Георгиески.

Доаѓа крајот на ова несреќно владеење на СДСМ и Зоран Заев“, стои во соопштението.