ВМРО-ДПМНЕ: За СДСМ партиската книшка и непотизмот се главниот критериум за вработување

Во врска со соопштението од ОО СДСМ Охрид, реакција до медиумите испрати ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид во која стои:

„Партиската книшка и непотизмот за СДСМ се главниот критериум за вработување. СДСМ дрско лаже и се одмаздува врз секој неистомисленик газејќи врз човечкото достоинство. Само тогаш кога ќе ги врати избрканите сограѓани на работа ќе има живот, дотогаш само беда.

СДСМ и градоначалникот Јован Стојаноски докажаа дека секој кој работи чесно и достоинствено а не е нивен истомисленик ќе биде ставен во функција на одмазда а сите останати под притисок пред сè и над сè во функција на партијата.

За да го сфатите образованието и ефектите од образованието треба прво да се потсетите како функционираше образовниот систем пред да дојде ВМРО-ДПМНЕ и д-р Никола Бакрачески на власт во Охрид. Ако имате амнезија тогаш погледнете што се случува овие неколку месеци повторно со образованието. ВМРО-ДПМНЕ и раководството секогаш ги штитело правата на вработените и ќе ги штити наспроти политичката одмазда која стана одлика на владеењето на СДСМ.

Ја фрливте во вода вашата борба за еднаквоста и солидарноста и го погазивте ветениот збор за еднаквост за сите и непартизираното општество.

Образовниот систем е нарушен со нестручни кадри, тоа го чувствуваат и родителите и децата. Поставувањето некомпетентни кадри почнувајќи од раководни функции па до секое работно место го закочија развојот на училиштата во градот. Единствено што се гледа е борбата за тендер политиката и матни бизниси и повторно на виделина задолжување на образовните институции.

Не изградивте ниту една градинка и уште имате лице да се појавувате пред охриѓани. Сведоци сме на злоупотребата на малолетни дечиња во бројни наврати како во училиштата така и во градинките каде што мораат да стојат мирно давајќи аплауз и потоа да го гушкаат актулениот градоначалник Стојаноски. Мизерно и крајно популистички.

На ароганцијата и политичкото самоволие на СДСМ и Јован Стојаноски ќе им дојде крај и никој нема да биде над законите.

Почитувани, со преземањето на Локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ, обесправените и оштетени просветни работници кoи се жртви на овој режим предводен од Хунтата ќе бидат вратени на работа исполнувајќи го нивното законско право.“ – стои во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.