28/03/2024
Охрид

ВМРО-ДПМНЕ: Желбата на Танески и Лазаревска е да загубат со помала разлика и да се надеваат на чудо

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид испрати реакција во врска со прес-конференцијата на Жаклина Лазаревска.

„СДСМ и Жаклина Лазаревска директно удираат со главата во ѕид за одржување на избори. Или Лазаревска не следи што се случува, или е со главата во песок.

Зоран Заев и Лазаревска повеќе не се фактор да уценуваат и да си играат со здравјето и чувствата на граѓаните.

Желбата на Лазе Танески и Лазаревска е да загубат со помала разлика и да се надеваат на чудо.

На хероите, здравствените работници треба да им се честита, но да им се честита затоа што голораки се борат за спасување на што повеќе животи.

Дали за Танески и Лазаревска значи нешто загубата на над 100 човечки животи или тие за нив се само бројки?

Дали ќе сносат одговорност за барем еден заразен или починат во време на изборна кампања?

Исто како Заев, својот политички ментор за лаги, одат спротивно на она што го гледаме во однос на бројот на заразени и починати, спротивно на волјата на граѓаните на Република Македонија.

Ако Лазаревска веќе сака да прави споредби, нека каже дека земјите од соседството кои ги споменува, имаат едноцифрена бројка на новозаболени, а ние вчера имавме 40.

Тоа е она од што се плаши Христијан Мицкоски, а вие само се плашите од изборниот резултат. Но, тој ќе се случи, дали на 21, 28 или подоцна – катастрофален ќе е за вас и вие за тоа сте свесни…затоа ви се брза.

Знаете дека технички е невозможно да се стигне да имаме избори на 21 јуни или 28 јуни.

Најчудно во целава фарса е што СДСМ се повикува на законите, истата таа СДСМ која го изгази Уставот.

И кога се бара консензус какво е тоа дрско и безобразно однесување или на 21 јуни избори или не се договараме?

Ова ли е демократијата што ја ветувавте?

Како граѓаните ќе се решат воопшто да излезат на избори ако сѐ уште има карантин и полициски час?

Лазаревска нека не се грижи за ВМРО-ДПМНЕ, туку нека се грижи за казната од граѓаните за тоа што им го ветуваше на охриѓани, а не го оствари.

Очигледно брзањето на Лазаревска е од желбата за пратеничкото столче, а не за ветувањата дадени кон охриѓани.

Очајнички се обидите на власта во заминување и Заев да жртвуваат човечки животи, за да си ја продолжат партиската кариера.

За ВМРО-ДПМНЕ основна цел е здравјето на граѓаните.

И порачуваме на Лазаревска дека ќе се оди на избори кога ќе се исполнат условите на првата лидерска средба предложени од Мицкоски, а беа прифатени.

Гласањето е неопходно и тоа ќе се случи.

ВМРО-ДПМНЕ не се плаши од избори и ќе победи убедливо.

Тогаш ќе сфатите дека ИМА ЗОШТО народот да ве испрати во историјата!“ – стои во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.