28/03/2024
Охрид

ВМРО-ДПМНЕ: Животот дојде единствено за тие со членска од СДСМ

Во врска со соопштението од ОО СДСМ, реакција испрати ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.

„СДСМ сака да ги убеди охриѓани кои се со голема свест и разум дека сите години додека тие биле на власт граѓаните цело време сонувале. Охриѓани се мудри и знаат дека осум години СДСМ владееше и дивееше во Охрид, а Вие се дрзнувате да ја манипулирате јавноста. Факт е дека за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и Д-р Никола Бакрачески изминатите 4 години Охрид доживеа ренесанса, процут, за сега повторно да биде вратен назад во мрачното време.

Додека изнесувате невистини и лаги треба да објасните зошто полициските резервисти се избркани од работа, и на новите лица да не им го затскривате криминалното досие.

СДСМ не го интересираат граѓаните. Така дојдоа на Власт со притисоци и закани така и ќе си заминат. Начинот на кој се однесуваат покажува дека единствена цел им е ослободување на работни позиции, на кои веднаш треба да се вработат луѓе од СДСМ. Докажаа дека секој кој работи чесно и достоинствено, а не е нивен истомисленик ќе биде ставен во функција на одмазда а сите останати под притисок пред сè и над сè во функција на партијата.

СДСМ во Охрид е синоним за криминал и грабеж, недомаќинско работење, пустош на економијата и уништување на цели семејства.

Ваквиот начин на владеење на СДСМ, со политички прогони и реваншизам на неистомисленици, со бркање од работа на охриѓани заради исполнување партиски агенди, ќе им се удри од глава. За тоа како владее СДСМ и што значи партиска книшка и непотизам наредните денови ќе се запознае целата охридска јавност.“ – стои во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.