20/04/2024
Охрид

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто градоначалникот Георгиески формирал паралелно тело на Општинскиот кризен штаб?

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид денес одржа прес-конференција, на која говореше портпаролот Перчо Божиновски.

„Во време кога институциите предводени од СДСМ катастрофално лошо се справуваат со коронавирусот и последиците од него, во услови кога здравјето на сѐ повеќе наши сограѓани е доведено во сериозна опасност, градоначалникот Константин Георгиески формирал тим, кој замислете има задача да го координира Општинскиот кризен штаб во врска со справување со последиците од КОВИД-19, без стручни лица во него и исклучиво за партиски потреби на СДСМ. Значи поставил „координатор на координаторот“!?

Оттука Георгиески треба да одговори:

Зошто формирал паралелно тело на Општинскиот кризен штаб кое има задача истиот да го координира?

Дали во рамки на ова чудно тело и по состав и по функција има барем еден доктор?

Дали вкупниот буџет кој се одвојува за членовите е повисок од платата на Градоначалникот на Охрид и Директорот на Општа болница во Охрид?

Дали преку ова тело под превезот на борба со КОВИД-19 се изигрува одлуката на Антикорупциска комисија за неможност за привремени вработувања во време на избори и ова е единствениот начин за вдомување на партиските послушници на СДСМ?

Дали координатор на ова тело е најблизок соработник на градоначалникот Георгиески, дел од неговиот кабинет и за колкав надомест го работи тоа?

Јавноста чека одговори веднаш и има право да ја знае вистината!

ВМРО-ДПМНЕ има индиции и отворено се сомнева за злоупотреба на народните пари во партиски цели на СДСМ. Секојдневно добиваме сѐ повеќе информации за сериозни злоупотреби во рамки на општинската администрација и јавните претпријатија.

Одговорност мора да има, и ќе има!

На 15 јули – Обновата доаѓа!“ – истакна Божиновски.