19/04/2024
Охрид

ВМРО-ДПМНЕ: Жртви на неодговорното владеење и лагите на СДСМ се вработените во градинките

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои:

„Жртви на неодговорното владеење и лагите на СДСМ се вработените во градинките.

Дали за градоначалникот Константин Георгиески е во ред тоа што вработените во детската градинка ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ сѐ уште не ги добиле своите плати?

Власта на СДСМ да објасни зошто не е испочитуван Законот за работни односи, според кој 15 во месецот е крајниот рок да се исплати плата за претходниот месец?

Министерството за труд и социјална политика и министерката Мила Царовска ги оставија вработените без основната егзистенција за живот.

Наместо да се фали со нeвистинити мерки за покачување на платите, министерката Царовска да одговори зошто на почеток на годината плататата на група вработени во градинките им беше намалена за околу 900 денари?

Синдикатот веднаш да застане во одбрана на вработените, но исто така да реагира и за неземените плати на вработените во образованието и културата.

На ваквото деструктивно владеење треба да се стави крај, граѓаните на Охрид заслужуваат подобро.“ – стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.