20/04/2024
Охрид

Во четврток Охрид ќе остане без вода

Се известуваат сите корисници на водоснабдителниот систем со кој стопанисува МЈП „Проаква“ Струга Р.Е. „Водовод“ Охрид, дека во четврток (03.05.2018 год) ќе се спроведе голема акција која предвидува измивање на цевководот и резервоарите, како и санација на поголеми дефекти и сервисирање на големи шибери во градската мрежа и поголеми индустриски објекти.

Поради комплексноста и сложеноста на активностите ќе има целосен прекин во водоснабдувањето на територијата на Општина Охрид, почнувајќи од 01:00 часот по полноќ на 03.05.2018 год па се до 19:00 часот вечерта.

Се молат корисниците навреме да се снабдат со вода за пиење и други потреби.