20/04/2024
Охрид

Во дом од охриѓанец пронајдена дрога

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Т.(52) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
На 04.05.2019 година во Охрид полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле рачно изработени цигари со мешавина од марихуана и тутун, додека при претрес во неговиот дом била пронајдена и одземена марихуана. Од страна на судија од Основен суд Охрид, на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење до 30 дена.