17/04/2024
Охрид

Во домот на охриѓанец пронајдени и одземени околу 7.435 петарди

На 26.12.2018 година, при извршен претрес во домот на А.С.(31) на улица „Ристо Чадо“ во Охрид, пронајдени и одземени се околу 7.435 парчиња нелегални пиротехнички средства. Меѓу нив има пиротехнички ракети, како и петарди од различни производители.
По целосно документирање на случајот, СВР Охрид против А.С. ќе поднесе соодветна кривична пријава.