Во два одделни случаи повредени две лица од Струга

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против М.Н.(42) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. На 17.09.2019 во Струга, по претходна расправија, пријавениот физички го нападнал И.М.(30) од Струга и му нанел тешки телесни повреди.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против В.И.(39) од с.Франгово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. На 27.09.2019 во с.Франгово, по претходна расправија, пријавениот со остар предмет го нападнал Е.К.(18) од с.Франгово и му нанел телесни повреди.